Македонија Урбаниот хаос во Центар

Богески: Еве како на дело се сака Центар!?

– Па кажете ми – дали е нормално дечиња да поминуваат под камиони и полуобезбедени скелиња? праша Богески.

Богески: Еве како на дело се сака Центар!?

Денес на својот фејзбук профил претседателот на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Богески, објави неколку видеа каде се гледа голготата која секојдневно, децата од основното училиште Песталоци, ја поминуваа.

– Наместо училиштето да биде поим за безбедност и сигурно место каде што ги оставаме нашите најмили, сведоци сме на тотален хаос, безредие и негрижа, напиша Богески.

– Па кажете ми – дали е нормално дечиња да поминуваат под камиони и полуобезбедени скелиња? дополни Богески.

Во прилог целиот статус и видеата каде јасно се гледа дека не е убаво обезбеден просторот околу градилиштето кое се наоѓа точно до влезот на училиштето.

„Како татко, како родител, како центарец – не можам, а да не реагирам на ваквиот башибозук што се случува во Општина Центар.
Ова се видеа кои кружат на социјалните мрежи – сите снимени денес – и ја прикажуваат голготата што ја поминуваат дечињата буквално на самиот влез од основното училиште „Песталоци“.
Наместо училиштето да биде поим за безбедност и сигурно место каде што ги оставаме нашите најмили, сведоци сме на тотален хаос, безредие и негрижа.
До мене стигнуваат реакции од загрижени родители и станари кои секојдневно ги носат своите деца во училиштето и живеат во непосредна близина на градилиштето.
Од она што го добивам како информација, градежните активности се одвиваат без прекин, без почитување на стандарди и без никаква контрола – од 6 часот наутро, па дури и за време на викендите, кога граѓаните имаат право на мир и одмор.
Па кажете ми – дали е нормално дечиња да поминуваат под камиони и полуобезбедени скелиња?
А што ако се случи нешто?
Кој ќе биде одговорен тогаш?
Дали градоначалникот, кој секојдневно им продава приказни за безбедност на центарците, ќе ја преземе одговорноста? Или повторно ќе се крие зад прес-конференции и флоскули?
Три мандати на СДСМ, 12 години власт во Центар – од Буњаковец и Дебар Маало направија урбана Газа во срцето на Скопје.
Нема визија. Нема одговорност. Нема грижа за најмладите.
Ова е нешто што не смее да се премолчи!“

To top