29.9% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните локални избори.
Ова го потврдуваат резултатите на најновата анкета на Институтот за политички истражувања-Скопје спроведена во пресрет на локалните избори, соопштени во најновата емисија „Објектив“ на Македонската телевизија.
Запрашани која партија ќе победи на претстојните локални избори, 29.9% од испитаниците одговориле дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, наспроти само 9.5% кои сметаат дека ќе победи СДСМ.
По овие резултати следи Национална алијанса за интеграција 10.1, за коалицијата ВРЕДИ 7.6, следува Левица 4.5, Независна листа 4.2 и ЗНАМ 3.5%.
На прашањето која политичка опција сметате дека најдобро би се справила со локалните проблеми во Македонија, 26.9 од испитаниците се изјасниле за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ 10.4, Национална алијанса за интеграција 9.9, Коалицијата ВРЕДИ 7.7, Левица 5.4, Независна листа со 4.1% исто како и ЗНАМ.