Документарецот „Меланија“ доаѓа во кината во јануари 2026 година, а раскажува за враќањето на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД) Меланија Трамп во Белата куќа.
Документарецот е продуциран од Amazon MGM Studios, во сопственост на Џеф Безос, и ќе им понуди на гледачите „невидени детали од 20-те дена пред претседателската инаугурација во 2025 година – низ очите на самата прва дама“.
Amazon MGM Studios сподели фотографија од Меланија како гледа низ прозорецот на паркиран автомобил на Твитер. Меланија ја сподели истата фотографија.
View this post on Instagram
-Влезете во светот на Меланија Трамп додека таа ги оркестрира плановите за инаугурација, се справува со сложеноста на транзицијата во Белата куќа и се враќа во јавниот живот со своето семејство. Со ексклузивни снимки од клучни состаноци, приватни разговори и никогаш порано видени места, „Меланија“ го прикажува враќањето на г-ѓа Трамп на една од најмоќните улоги во светот, се вели на фотографијата на Твитер.
Проектот првпат беше најавен во јануари. Во интервју за Fox News, Меланија рече дека филмот ќе го прикаже „нејзиниот секојдневен живот“.
-Тоа е секојдневието, од транзицискиот тим до вселувањето во Белата куќа, пакувањето, поставувањето на мојот тим, канцеларијата на првата дама, вселувањето во Белата куќа, она што е потребно за да ја направите резиденцијата ваш дом, до вработувањето на луѓето што ви се потребни, рече таа.
Филмот е режиран од Брет Ратнер, кој падна во немилост во Холивуд поради обвинувања за сексуална злоупотреба. Познат по режирањето на „Шпицот“ и „Семеен човек“, „Меланија“ ќе биде неговиот прв филм откако обвинувањата излегоа на виделина.
Волстрит журнал објави дека Меланија наводно му го предложила филмскиот проект на Безос, а тој дал 40 милиони долари за да го купи филмот.
Заедно со документарецот, на Amazon Prime ќе биде објавена и серија документарни филмови од три дела.