Пред нас е време на пресврт, време кога зборовите ќе донесат резултати и кога ветувањата ќе се мерат со дела, а политиката со подвизи, порача од митингот во Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ние не дојдовме во владата за да бараме изговори или да уживаме во неа. Дојдовме да ја исправиме неправдата, исчистиме корупцијата и да ја вратиме државата во рацете на народот, дојдовме да работиме. Дојдовме после седум години разурнување, години на лаги, поделби и злоупотреби. Државата ја наследивме како запуштена куќа, без покрив и со празни сметки и згаснати надежи. И кога ќе ми речат зошто постојано потсетуваш на тие седум години, јас имам јасен одгово, потсетувам за да се запомни и да не се повтори, потсетувам затоа што гледам дека со истите трикови сакаат да се вратат назад без да ја научат лекцијата истите луѓе, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека тие луѓе ја влечат државата надолу.