Македонија „ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа непоколебливост во принципите“

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче гордо седи на маса со шмркачот на кокаин Јон Фрчкоски, додека лажно морализира (ФОТО)

СДС го води Јон Фрчкоски, кој цела Македонија го виде како на работно место шмрка кокаин, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче гордо седи на маса со шмркачот на кокаин Јон Фрчкоски, додека лажно морализира (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем со тоа институциите да реагираат за случајот со Игор Кузмановски, кој да потсетиме беше експресно разрешен од позицијата директор. Но, ајде заедно со СДС да се согласиме и испратиме апел институциите да реагираат исто и за Јон Фрчкоски од СДС, кој на работно место во државна институција шмркаше кокаин и кој патем не е разрешен од партиските позиции и понатаму седи со Филипче и носи одлуки во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јон Фрчкоски е член на ИО на СДС и седи на иста маса со Венко Филипче, каде одлучувал кој се ќе биде кандидат за градоначалник, а кој за советник. Венко Филипче гордо седи на маса и носи одлуки за СДС со шмркачот на кокаин Јон Фрчкоски, додека лажно морализира, велат од владејачката партија.

Велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа непоколебливост во принципите.

-За разлика од тоа, СДС го води Јон Фрчкоски, кој цела Македонија го виде како на работно место шмрка кокаин, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top