Македонија Бутелска легенда

Костовски: На чај кај олимпискиот шампион, Шабан Трстена

Кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски објави видео на своето Фејзбук профил од посетата на олимпискиот шампион во борење Шабан Трстена.

Трстена е двократен олимписки медалист, злато и сребро донесе од олимписките игри во Лос Анџелес и Сеул. Исто така тој е светски и неколку кратен европски медалист во еден од најтешките спортови, слободен стил борење.

– Несомнено тој е спортист на минатиот век, дилема нема. Шабан Трстена оваа година општина Бутел го прогласи за почесен граѓанин. Чест е да се има сограѓанин од ваков планетарен калибар. Трстена е вистинска македонска спортска икона, тој ни беше голем и жив пример за нашиот пат до олимпискиот медал во Токио. Благодарам шампионе на топлиот прием, напиша Костовски.

Најнови вести од Македонија

To top