Хроника Чегране

Затвореник се заканувал додека користел слободни денови

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Затвореник се заканувал додека користел слободни денови

На 09.10.2025 во 21:30 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода Б.Н.(43) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава истиот ден дека праќал пораки со заканувачка содржина на А.А.(41) од с.Градец, гостиварско.

Тој е задржан во полициска станица и по преземени мерки утврдено е дека имал слободни денови и бил пуштен од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top