Република Општина Кочани

Првачињата од Кочани се зачленија во Детската организација

Новите членови гласно и заеднички ветија дека ќе ги почитуваат наставниците и возрасните, ќе бидат вредни и трудољубиви во извршувањето на задачите и ќе негуваат другарство и солидарност со своите соученици.

Со свечена програма и ветување за другарство, почит и посветеност, првачињата од основните училишта во Кочани беа примени во Детската организација.

Настанот се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“, каде ученици од сите основни училишта од Кочани приредија богата културно-уметничка програма.

To top