Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Кисела Вода се обрати кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
-Кисела Вода секогаш била симбол на моќ, верност и љубов кон својот дом и татковината. Ова не е обична кампања туку клучен перид кога одлуката што ја носиме ќе значи продолжување на започнатите промени, да продолжиме со раст и развој, со визија и иднина на нашата општина. Сега е нашето време. На генерацијата вредни и цесни политичари кои се подготвени за работа и решенија на проблемите и предизвиците што престојат. Ова е време на посветени луѓе кои не се откажуваат, но затоа пак се подготвени на одговорност и отчетност пред граѓаните, рече Стаменкоска Трајкоска.
Таа потенцира дека промените се гледаат и дека ние ги чуствуваме.
-Изминатите 4 години во Кисела Вода се работеше за народот, а не за личните интереси. Кисела Вода станува општина каде што се живее убаво, не само во урбаните места туку со секое маало, во секој дом. Се направи многу, но секогаш може уште повеќе. Ние знаеме како и решени сме да продолжиме. Затоа заедно со поддршка од Владата и премиерот Мицкоски, со идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски да продолжиме да ја градиме Кисела Вода, рече Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска исто така наброи дел од проектите на изборната програма.
„Реконструкција на месните заедници во Драчево и Пинтија, во Припор- канализација Бабин Дол, осветлување на патот кон манастирот Пеленица, подземна инфраструктура, пешачко-велосипедска патека- обиколка на Кисела Вода, спортска сала во подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ и во Кузман Шапкарев, доградба на основното училиште ,,Невена Георгиева – Дуња“, пробивање и целосна реконструкција на земјениот пат на делницата од мостот на Маркова Река до патот за Лисиче кај фабриката Охис, нов алтернативен пат за побрза комуникација со центарот на градот. Реконструкција на улиците во Бирарија, Пинтија, село Драчево, улиците во централниот дел на општината“, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска исто така потенцираше дека општината ќе продолжи да инвестира во образованието, поддршката и развој на спортот, пензионерите и поддршка на традиционалните културни настани.
„Не запираме тука, заедно ќе продолжиме да инвестираме во образованието и во младите во општината, со уредување на подните површини и уредување на училишните дворови, секако и во градинките. Продолжуваме со поддршка и развој на спортот за општина со здрави навики, да го зголемуваме бројот на наградени спортисти што се дел од општина Кисела Вода. Со поддршка на традиционалните културни настани, дополнително ќе ја збогатиме програмата со нови фестивали КИСЕЛКО- за најмладите и БИРА ФЕСТ во Бирарија каде се наоѓала првата пивска фабрика во регионот. Има уште многу нови проекти за Кисела Вода, за сите нас, за твоето место, за твојата иднина , продолжуваме да ги поддржуваме пензионерите со најниски примања, со реконструкција на пензионерските клубови да создаваме можности за нивно дружење и активно вклучување во заедницата. Зошто пензионерите ни се битна поддршка, зошто само сите генерации заедно како тим можеме да успееме“ посочи Стаменкоска Трајкоска.
На крајот Стаменкоска Трајкоска повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9.
„Направете го вистинскиот избор, за Кисела Вода каква што сите ја посакуваме. Со заокружување на бројот 9, започнатите промени да продолжат“.