Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Илинден е пример за брз раст и развој

За да се постигнат големи дела потребно е поддршка, партнерство, визија односно лидерство. И токму такво лидерство има денес Илинден со актуелниот и иден градоначалник Александар Георгиевски, рече Ковачки.

Ковачки: Илинден е пример за брз раст и развој

На денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во општина Илинден се обрати Драган Ковачки член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вечерва сме тука со една цел да покажеме дека Илинден може да продолжи да се гради и да се развива, да ја потврдиме нашата определба за подобри услови за живот, за улици што поврзуваат, за училишта се обврзуваат и воспитуваат, за спортски терени што создаваат шампиони и олимпијци, за општина со еднакви можности за сите, рече Ковачки.

Тој потенцира дека Илинден е пример за брз раст и развој.

-Локалната власт е секојдневно помеѓу вас во маалата, во училиштата, во селата. За да се постигнат големи дела потребно е поддршка, партнерство, визија односно лидерство. И токму такво лидерство има денес Илинден со актуелниот и иден градоначалник Александар Георгиевски. Илинден се менува под негово водство, општината покрај тековни работи кои се изведуваат ќе добие и полициска станица од општа надлежност и тоа на инсистирање на граѓаните“, кажа Ковачки.

Ковачки укажа дека Илинден е модерен дом за сите и додаде дека тоа е така бидејќи зад него се граѓаните од една страна, а од друга страна Владата.

„Александар ве има вас, а тој ја има поддршката од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Ова е Влада што верува во вистински развој и Влада што знае дека вистинскиот развој почнува од локалната самоуправа. До пред нешто повеќе од година дена имаше влада која кочеше, која стопираше, а денес е сосема поинаку ова е Влада која е партнер на граѓаните, на локалната самоуправа“, посочи Ковачки.

На крајот од своето обраќање Ковачки апелираше за масовна излезност на 19 октомври и гласање за број 9.

Најнови вести од Македонија

To top