Македонија Овие избори се битка за подобрување на реалноста

Мицкоски: Овие избори за некого се борба за спас на политичката кариера, за нас се битка за подобра реалност

Наследивме држава пред банкрот, со урнисани институции, сепак не беше наша работа да се жалиме туку да работиме и испорачаме резултати, порача Мицкоски.

Мицкоски: Овие избори за некого се борба за спас на политичката кариера, за нас се битка за подобра реалност

„Овие избори за некого се борба за спас на политичката кариера, за некого се борба за опстанок на лидерската позиција, за некој се обид за предизвикување  на предвремени избори и враќање на власт. За нас и за граѓаните ова се избори за нешто поважно и посвето од тоа. Овие избори за нас се битка за подобрување на реалноста, битка за заслужување на вашата доверба, битка за да продолжиме по патот на промените кои ги започнавме и кои допрва ќе се случуваат“.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на вечерашниот народен митинг во скопски Карпош.

-Ние сакаме држава каде што има ред, каде што политичарите се вреднуваат не по тоа кој ќе каже најдобра вратка во кампања, не кој ќе направи некоја интрига или трик или подземен пакт, туку по тоа што направиле и што ќе направат преку нивната визија, мотивираност или волја. Морам да признаам дека на оваа кампања видов исклучително мотивирани луѓе како кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мотивирани да ви докажеме дека заедно сме на вистинскиот пат и дека ние како луѓе, со нашите маани и доблести, сме тој вистински избор, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека чувствува загриженост за многуте наталожени проблеми кои се дел од еден со децении запуштен систем, но и заради неможноста на другите политички актери да видат дека се дел од тој проблем од другата страна.

-Но имаме и чувство на одговорност за довербата која нам ни е дадена. Затоа што сум свесен дека се потребни резултати и одлучност на повеќе полиња и дека не смее да бара никој изговори за состојбите кои ги наследивме. Наследивме држава пред банкрот, со урнисани институции, сепак не беше наша работа да се жалиме туку да работиме и испорачаме резултати, порача Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top