Свет билатерална средба

Кинескиот премиер Ли во посета на Северна Кореја

Премиерот на Кина, Ли Кечијанг од 9 до 11 октомври ќе престојува во Северна Кореја, каде ќе присуствува на настани по повод 80-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја во Пјонгјанг, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи

Кинескиот премиер Ли во посета на Северна Кореја

Премиерот на Кина, Ли Кечијанг од 9 до 11 октомври ќе престојува во Северна Кореја, каде ќе присуствува на настани по повод 80-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја во Пјонгјанг, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека двете земји се „традиционални пријатели и партнери“ и се нагласува „непоколебливата стратешка политика“ на кинеската Влада и владејачката Комунистичка партија за „одржување, консолидирање и развивање“ на односите со Северна Кореја.

На прославата по повод формирањето на Работничката партија на Кореја, севернокорејската државна новинска агенција КЦНА јави дека ќе присуствуваат и претседателите на Виетнам и на Лаос, То Лами и Тонглун Сисулит.

To top