Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски се обрати на народениот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Кичево.
-Денес се собравме тука за да можеме да направиме Кичево да биде подобро место за живеење. Денес ја бараме поддшката од секој од вас за да имаме градоначалник на општина Кичево, за нашиот кандидат Александар Јованоски да биде градоначалник на Кичево, рече Сајкоски.
Тој потенцира дека да зборуваш со почит и да бараш поддршка е многу тешка работа.
– Познавајќи го докторот сакам да ви кажам дека денеска имаме најлесна задача бидејќи зборувам за хуманиста, човек кој е посветен на работата, бидејќи сум сигурен дека Кичево ќе го направи подобро место за живеење, нотира Сајкоски.
Тој за себе вели дека е човек што ниту многу зборува, ниту многу ветува, но дека стои до зборот.
Ви ветувам дека заедно со Александар, со премиерот и со сите вас што сте тука присутни Кичево ќе добие многу, Кичево ќе добие и инфраструктура и работни места. Кичево ќе го добие сјајот каков што го заслужува, потенцира во обраќањето Сајкоски.
Сајкоски се осврна и на владеењето на ДУИ во Кичево.
„ДУИ влезе во кампања, ама малку се влезени и во паника бидејќи ја губат поддршката. Зборуваат за национални борби, а ги иселија луѓето од деловите во кои владеат, од Зајас луѓето заминаа. Нашата визија е да градиме во секој дел и во Зајас и Осломеј, и Другово и во Вранештица. Дека тоа може да се направи тоа Владата го докажа за овие 15 месеци“, кажа Сајкоски.