Македонската фудбалска селекција одново е на едно место. Благоја Милевски денеска ги пречека своите пулени со кои ќе проба да ги продолжи фантастичните резултати во квалификациите за следното Светско првенство.
Пред нашите фудбалери е најголемиот испит во овие квалификации и гостување кај големиот фаворит Белгија.Потоа во Скопје тимот се враќа каде ќе го пречекаме составот на Казахстан.
Натпреварот против Белгија е закажан за в петок во Гент, додека три дена подоцна ќе ни гостува Казахстан.
Во пресрет на октомврискиот репрезентативен прозорец, Македонија е прва со 11 бода, односно има еден повеќе од Белгија и Велс.