Хроника

Уапсен млад тетовец, на полицајци им се заканувал со пиштол и нож

Уапсен млад тетовец, на полицајци им се заканувал со пиштол и нож

На 05.10.2025 во 14:30 часот на улица „Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(27) од Тетово затоа што им се заканувал со пиштол и нож додека извршувале службени дејствија, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Од него се одземени пиштол „Валтер“ со една рамка и 6 куршуми и нож.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top