Гледајќи ја провалијата кон која во 6-та брзина ита неговиот пулен и избраник, Зоран Заев не издржа и од дубајските плажи орно и со елан се вклучи во тапосаната кампања на СДСМ. Го брани својот избраник со сите сили и „за сите пари“. Во стил на маалски препродавач на аjвар (фела од која изворно потекнува), Заев не можејќи да ги издржи аргументираните атаци врз својот октроиран чувар на тронот од страна на премеирот Христијан Мицкоски, набафтана срочи рекла-казала одговор во кој единствена „поента“ е дека, демек, тој и Филипче не земале куферчиња со пари од поранешен бугарски премиер. Бојко Љубави, најверојатно…
-„Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“ како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици, реагира поранешниот лидер на СДСМ и премиер, срочи денеска промуќурно Зоран Заев по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека поранешен премиер на Бугарија дал куферче пари на гуруто на Венко Филипче од Струмица. Народот вели „КЈА ИМА ЧАД, ИМА И ОГАН“, а Заев се најде многу засегнат од куферчињата, кои по Фрчко и промената на името (сведоштво на Киро Глигоров), станаа СДС-традиција. Заев не кажа притоа колку чинеше јахтата на која последно беа фатени со Филипче. И ќе одат ли да „прослават“ во Дубаи со Харис Џиновиќ по локалните избори. Или поверојатно, да ја залијат тагата од одогворноста која следува поо нив.
„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава“, напиша Заев на Фејсбук од плажа, притоа заборавајќи да ги посочи аргументите за наводната катастрофа, слично како измислените „анкети“ на неговиот политички посинок, со кои Венко се расфрла по прес-конференции. Не објасни ни за „случајноста“ – на иста адреса фирма на Венко и на брат му Вице во бугарски Петрич, каде завршиле парите од грчкиот јаглен за РЕК, ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА. Исто време кога фирмата Зобек која е дел од македонскиот дил, му дарува на Венко џипиште Ауди Q8 од стотина илјади евра, кој тој подоцна го продава. За да не боде очи.
Во саботата на митинг во Куманово Мицкоски изјави дека СДСМ спрема ново попуштање кон нашиот источен сосед спакуван во убаво пакување.
– Се сеќавам, не заборавам, дека поранешниот премиер на нашиот источен сосед јавно зборуваше дека финансиски ја помогнал таа опција на СДСМ, партијата на чие чело е Венко, и тоа директно преку куферче пари кон неговиот гуру и ментор од Струмица. Сега не сакам да верувам, но многу е логично дека повторно тропнале на истата врата и повторно се надеваат на ново куферче, а подарокот кој што нашиот источен сосед може да го плати е пробив одвнатре – нов предлог за ново предавство на националните и државни интереси – рече Мицкоски.
Очигледно, ќе следуваат уште многу постови на Заев до избори, јалова поддршка за својот избраник-лузер…





-.