Македонија

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела

Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево.

Караванот на СДСМ е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар.

Левица ќе одржи средби со граѓани на градски плоштад во Македонска Каменица, во Делчево и на градскиот плоштад во Берово.

Граѓанската платформа „Независни заедно“ најави прес-конференција на која ќе се обратат независните кандидати за градоначалници на општина Центар, Билјана Ивановска и на град Скопје проф. д-р Горан Марковски.

Во Гостивар прес-конференција ќе одржи и кандидатот за градоначалник Висар Адеми.

На платото пред Млечен ресторан во Карпош изјава за медиумите ќе дадат кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова и Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на Карпош.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе оджи прес-конференција на мостот на реката Лепенец во близина на Канал 5.

Најнови вести од Македонија

To top