Како долгогодишен просветен работник- учител, секогаш сум верувала дека вистинската магија не е во зборовите, туку во љубовта, трпението и примерот што секој ден им го даваме на децата, посочи Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на Кисела Вода.
-Денес, од нашата Кисела Вода, со гордост ја поддржав кампањата на Министерството за образование и министерката Весна Јаневска, затоа што верувам во образование со душа, посветено на секое дете. Затоа ви се обраќам токму на вас почитувани наставници, во ваши раце е највредното богатство – знаењето и иднината на младите генерации. Ви благодариме за вашата професионалност, труд и љубов кон професијата, истакна таа.
Стаменкоска Трајкоска им порача: „Ви посакувам многу здравје, успех и задоволство во благородната мисија на воспитување и образование. Честит Ден на учителите – 5 Октомври“.