ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При преглед извршен на улицата „Мехмед Мехмеди“ во Кичево, полициските службеници од криминалистичката полиција, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин, кој се обидел да му го продаде на Е.П. од Кичево, по што двајцата беа лишени од слобода, соопшти МВР.