Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со кандидатката за градоначалник на Неготино, Марија Нацева и носителката на советничката листа Лилјана Арсова Митрова денеска го посети Технички институт Македонија.
-Ова друштво се занимава со безбедност и здравје при работа и е акредитирано инспекциско тело за техничка инспекција, воедно има и своја акредитирана лабараторија за тестирање на животна и работна средина, се занимава и со продажба и сервис на противпожарна опрема, а има своја фабрика за електрометал и други производи. Нивната широка дејност им овозможила низ годините да стекнат големо искуство кое денеска ни го презентираа, а низ разговорот произлегоа одлични решенија кои можат да се имплементираат и на локално и на централно ниво. Поддршката која идната градоначалничка Марија овде во Неготино ја има е навистина голема, рече таа.
Министерката посочи дека партнерскиот однос со приватниот сектор е секогаш одличен пристап во решавањето на проблемите. Верува дека така и ќе продолжи.