Македонија фејсбук статус

Јанчев најави изградба на Јавна општинска установа за вон семејна социјална заштита на стари лица во општина Кавадарци

Изградба на Јавна општинска установа за вон семејна социјална заштита на стари лица во општина Кавадарци!

Јанчев најави изградба на Јавна општинска установа за вон семејна социјална заштита на стари лица во општина Кавадарци

Митко Јанчев за Кавадарци!

Број 9!

Со твојот човек!

За твоето место!

За твојата иднина!

Изградба на Јавна општинска установа за вон семејна социјална заштита на стари лица во општина Кавадарци! Објект на општина Кавадарци, а стопанисувањето ќе биде заедничко со Министерството за труд и социјална политика. Овој дом ќе располага со капацитет од 57 легла, современо уредени и опремени со сите неопходни услови за достоинствен живот. Локацијата на објектот е внимателно избрана – веднаш до споменикот на Киро Крстев, во близина на паркот и службата за итна медицинска помош, што ќе обезбеди пристапност и мирна околина. Цената за престој ќе биде регулирана од надлежното министерство, со минимален надомест кој ќе овозможи еднаков пристап за сите пензионери. Овој проект, кој во целост е изработен од општинските служби, е дел од нашата локална стратегија за унапредување на грижата за постарата популација. Како локална самоуправа, остануваме посветени на реализацијата на проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните.

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

To top