Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника

Актуелниот градоначалник, а и кандидат, за општина Бутел, Дарко Костовски најави нови капитални проекти.

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника

Изјава на кандидатот за градоначалник за општина Бутел, Дарко Костовски:

„Почитувани граѓани на општина Бутел, заедно со носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Никола Божиновски, сакаме да ви соопштиме една многу убава вест.

Распишана е тендерската постапка за нова модерна поликлиника на територија на општина Бутел.

Срамниот објект позади нас, таканаречената модуларна амбуланта ќе замине во историја.

Граѓаните на општина Бутел ќе добијат здравствена заштита од примарно и секундарно здравство, што навистина е барање коешто веќе го чекаат со децении.

За сето ова, за како ќе изгледа модерната поликлиника, имаме изработено и 3Д анимација и ќе ми биде задоволство доколку ја погледнеме заедно.“

To top