Република локални избори 2025

Ковачки од Виница: Поддршка за листата број 9 и за кандидатот Митко Костадиновски

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во своето обраќање на митингот во Виница нагласи дека целта на оваа кампања е да се создадат услови жителите на Виница да ја гледаат својата иднина во својот роден град, а не во иселување.

-Денеска сме овде за да дадеме надеж и поддршка за нашата Виница. Мора да создадеме услови младите да останат овде, во местото каде израснале, каде се дружеле и каде заедно се радувале и тагувале, истакна Ковачки.

Тој додаде дека со поддршката на граѓаните ќе продолжи континуитетот на промените започнати во 2021 година, а Виница ќе се развива во духот на современите трендови.

-Да го поддржиме Митко Костадиновски и листата со број 9, за Виница да има подобро утре, порача Ковачки.

Граѓаните во Виница и виничко заслужуваат подобри комунални услуги, водоводи, канализации, подобри патишта, училишта и севкупно поквалитетен живот.

На вечерашниот собир беше испратена јасна порака – нашата заедница е силна, обединета и решена да оди напред.

-Овој собир е доказ дека нашата заедница е силна, обединета и решена да оди напред. Ние не сме тука да слушаме убави зборови, туку да ја потврдиме нашата заедничка цел, да ја менуваме нашата општина и нашата Македонија на подобро, порача од митингот Ковачки.

To top