Македонија

Паунов: Нова населба Вршник со 150 плацеви за домување во Општина Карбинци

Паунов: Нова населба Вршник со 150 плацеви за домување во Општина Карбинци

Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат во Општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов на денешниот митинг истакна дека општината ќе продолжи да се развива.

Тој потецираше дека за четири години се менувала општината, а работеле заеднички и посветено.

-Не баравме изговори иако три години имавме централна власт која правеше опструкции, едноставно работевме. Започнува поглавје кое ќе биде продолжение на нашата посветеност во насока на континуитет на промените кои ги донесовме и програма која гарантира дека Карбинци ќе остане да биде пример во Истокот и гордост на сите нас, нагласи Паунов.

Дел од реализираните проекти во изминатите години, кои ги истакна Паунов, се во патна инфраструктура, реконтруирани и модернизирани пет мултифункционални игралишта, изградени две нови училишта, зголемен капацитет на детска градина, пет нови детски забавни паркови, расчистени сите шест диви депонии, нови пешачки патеки и поврзување на селата.

-Следниот четири годишен мандат ќе го темелиме врз неколку столбови. Обезбедување на нови 150 плацеви за домување, една нова населба која ќе го добие името Вршник според историската населба во атарот на селото Таринци. Ова е мега проект на Карбинци со кој ќе обезбедиме бесплатни проекти и техничка документација за типски куќи, бесплатни комуналии за градба и целосна инфраструктура која општината заеднички ќе ја изгради со владата. Нова спортска сала со која ќе овозможиме можост за спортување, велосипедска патека во должина од 1,8 километри, потецираше Паунов.

To top