Кандидатот за градоначалнмик на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со сегашниот и кандидат за градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски, имаше средба со пензионерите.
Боби, за мене еден од најдобрите градоначалници во Македонија, секојдневно покажува како вистински се грижи за оние на кои им должиме сѐ, нашите баби и дедовци, нашите родители. Преку финансиска поддршка за пензионерите со ниски примања, преку отворање клубови, подобрување на здравствената грижа и организирање настани, тој дава јасен пример што значи вистинска одговорност и човечност, објави Ѓорѓиевски.
Кандидатот за градоначалнмик на Скопје Орце Ѓорѓиевски потенцира дека не само за пензионерите, Боби покажа грижа за секоја пора на нашето општество. Затоа заедно, со поддршка од Град Скопје, за Гази Баба доаѓа уште подобра иднина.
Ќе инвестираме таму каде што никој досега не ни помислил, ќе оставиме дела кои ќе се паметат и ќе обезбедиме иднина за нашиот народ тука, дома. За Гази Баба и за Скопје, најдоброто допрва доаѓа, објави Ѓорѓиевски.
♥️ За нашите пензионери, со почит!
🤝 Денеска заедно со сегашниот и иден градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски,…
Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Thursday, October 2, 2025