Македонија локлани избори 2025

Стаменкоска Трајкоска: Заедно да направиме Кисела Вода да биде место каде секое семејство ќе има уште подобар живот

Најважно дека се врарти довербата дека општината навистина се грижи за своите жители, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска: Заедно да направиме Кисела Вода да биде место каде секое семејство ќе има уште подобар живот

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска објави видео во кое им се обрати на сограѓаните.

-Кисела Вода изминатите години доби нов лик. Се реконструираа улици, се обновија училишта и градинки, се уредија паркови и спортски игралишта. Најважно дека се врарти довербата дека општината навистина се грижи за своите жители, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека сега е време да продолжиме уште поамбициозно со нови проекти и со посветена работа. Кисела Вода да стане уште поуредено и безбедно место за живот на секое семејство. Јас сум Бети Стаменкоска Трајкоска, прочитајте ја мојата програма и направете го вистинскиот избор. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

To top