Македонија обраќање

Мицкоски: Промените не доаѓаат како молња, туку како изгрејсонце, тивко но неизбежно

Секој ваш глас, секоја ваша борба, секој твој ден е дел од големата приказна што сите заедно ја пишуваме за нашата татковина Македонија, порача од Ресен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Промените не доаѓаат како молња, туку како изгрејсонце, тивко но неизбежно

На овие избори народот одлучува и никој друг. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски, Македонија е уморна од сојузите кои се на грбот на напатениот народ.

-На овие избори народот одлучува и никој друг, Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина, уморна е од сојузите кои се на грбот на напатениот народ, уморна е од интригите на Венко, Али и Димче. Тоа е коалиција за пари. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина и тоа е јасно, како бел ден е јасно. На овие избори, од едната страна е коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица, коалицијата на Венко, Али и Димче, коалиција за пари, а од другата страна е победникаата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина, посочи Мицкоски.

На народниот митинг во Ресен, премиерот Мицкоски потсети на реализираното и ветеното во иминатите 15 месеци од кое полза, како што рече, имаат просветните работници, студентите, задравствените работници, земјоделците, инвестиции од 500 милиони евра за македонските општини, исплатени плати и друга помош.

-Нашата борба не беше само во Македонија. Ние знаевме дека наследивме ограбена и понижена држава со начнат идентитет, со начната гордост на македонскиот народ. Затоа бевме свесни дека треба да победуваме и надвор, во Лондон, Брисел, Берлин, Вашингтон…достоинствено ја браневме честа на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија. Се боревме и ќе продолжиме да се бориме за Македонците насекаде во светот и додека е оваа Влада треба да сте сигурни дека Македонија е во вистински раце, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На народниот митинг што се одржа на плоштадот во Ресен, Мицкоски посебно за поддршка ги повика неопределените гласачи и сите заедно со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг на Јован Тозиевски повторно да го изгасаат за градоначалник.

Најнови вести од Македонија

To top