Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје известува дека од 1.10.2024 (среда) започнува зимно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје.
Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде:
– Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот,
– Сабота: од 07:00-14:00 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно:
– Од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.
-Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време, додаваат од ЈП Градски паркинг