Република Локални избори

Во Штип 41.411 граѓани со право на глас

Во Штип 41.411 граѓани со право на глас

Над 41.000 избирачи имаат право на глас на престојните избори на територија на Општина Штип.

Оваа бројка е помала за околу 800 гласачи споредбено со Парламентарните и Претседателски избори од 2024 година.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев вели дека намален е и бројот на Избирачки места поради тоа што во нив има помалку од 10 избирачи и истите се затворени.

To top