Скопје

Лукровски: Ветувам нови монтажни гаражи во Карпош 4 со над 120 нови паркинг места

Лукровски: Ветувам нови монтажни гаражи во Карпош 4 со над 120 нови паркинг места

Драги карпошани. Ве поздравувам од моето маало од Карпош 4. Овде сум 52 години, ништо не е променето со овој паркинг откога знам за себе. Во меѓувреме, има изградено и неколку нови згради во предниот дел од другата страна на убавиците. Хаос и во долниот дел со трговскиот центар, хаосот и овде на кејот на Вардар, вeли кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.

Ветувам нови монтажни гаражи во овој дел, со над 120 нови паркинг места кои ќе завршуваат со фотоволтаици, ем корисно, ем како заштита на возилата од влијанијата како сонце, град итн.

Ја барам вашата доверба и ова ќе биде сторено. Ветено.

To top