Македонија ВМРО-ДПМНЕ VS СДСМ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМИТЕ = 3:1

31.4% од граѓаните сметаат дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Велес добро се справува со проблемите

На прашањето, која политичка партија најдобро би се справила со проблемите во општина Велес, 31.4% од испитаниците сметаат дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, додека 9.8% сметаат дека тоа ќе биде СДСМ.
8.4% од испитаниците се изјасниле за Левица, а 2.2% кажале дека тоа ќе биде друга политичка опција.

31.4% од граѓаните сметаат дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Велес добро се справува со проблемите

Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) Скопје, подготви анкета за потребите на МРТ, за претстојните локални избори  конкретно за состојбата во општина Велес.

Според испитаниците, 24.2% сметаат дека општина Велес се движи во целосно правилна насока, додека пак 34.6% од нив велат дека насоката е донекаде правилна.

На прашањето, Дали споредено со изминативе неколку  години животот во Велес сега е подобар или полош, 29.7% сметаат дека е донекаде подобар, додека пак 14.4% од испитаниците сметаат дека е многу подобар.

Според испитаниците, во наредните неколку години животот во Велес многу ќе се подобри сметаат 12.9%, додека пак 31.9% сметаат дека донекаде ќе се подобри.

Граѓаните очигледно сметаат дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ добро се справува со проблемите и предизвиците на граѓаните, а за тоа се показател и 31.4% од испитаниците кои сметаат дека локалните избраниците на партијата подобро ги решаваат проблемите на своите општини.

To top