Хроника

Нов случај: Две годишно дете затруено со таблета во Куманово

Нов случај: Две годишно дете затруено со таблета во Куманово

Уште едно дете е затруено во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Станува збор за двегодишно дете од липковското село Отља кое испило таблета.

Од Општата болница во Куманово информираа дека детето веднаш било донесено и му била укажана соодветна лекарска помош. По интервенцијата, неговата здравствена состојба е стабилна и надлежните уверуваат дека не е во животна опасност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top