Заменик министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, го посетиа ДУРМДОВ „Димитар Влахов“ Скопје.
-Ова училиште има огромно значење во образованието на ученици со оштетен вид. Со голема радост дониравме нови униформи и ранчиња со училишен прибор – мала, но значајна поддршка за овие исклучителни деца. Нашата заложба останува јасна: секое дете заслужува еднаква шанса да учи, расте и сонува. Образованието мора да биде достапно за сите – а ние, со срце и посветеност, чекориме по тој пат, објави Велковски.
Денес, заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, го посетивме…
Posted by Ѓоко Велковски on Monday, September 29, 2025