Македонија стабилност за граѓаните

Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност

Само стабилна и безбедна држава може да донесе економски раст и просперитет, а заедно со институциите и партнерите градиме општество отпорно на секој предизвик, објави министерот Мисајловски.

Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (29 септември) присуствуваше се обрати на состанокот на Работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 година, при што истакна дека изградбата на „сигурно, безбедно и отпорно општество во време на глобални предизвици…е од приоритетно значење за нас.“

Мисајловски се осврна на развојот на одбранбениот систем и инвестирањето во одбраната кое овозможува интензивно опремување и модернизација на македонската Армија.

„На последниот самит на НАТО, ние – сите 32 земји членки едногласно ја донесовме одлуката која ќе значи посилна одбраната. Во следниве 10 години, односно до 2035 година инвестициите во одбраната да го достигнат нивото од 3,5% од БДП, и дополнително инвестирање од 1,5% од БДП во активности и проекти поврзани со одбраната како што се инфраструктура, кризен менаџмент, сајбер-безбедност“, рече министерот.

Мисајловски додаде дека веќе „интензивно се работи на проекции на зголемување на буџетот на одбраната“, што значи и поголеми инвестиции во одбранбениот сектор.

Во однос на стратешките документи, министерот информираше дека во процес на донесување е Националната стратегија за безбедност, што, рече, е основа за ажурирање на останатите стратешки документи и тоа Стратегијата за одбрана и плановите за одбранбени способности.

Одбраната не е изолиран сектор, туку е еден поширок систем на општествена отпорност, подвлече министерот, и додаде дека „од особена важност е вклучувањето на сите релевантни фактори во справувањето со денешните закани, како од институциите, така и од академската заедница, приватниот сектор, невладините организации, медиумите, како и континуирано продлабочување на регионалната соработка и соработката во НАТО и ЕУ контекст.“

На работниот состанок присуствуваше и заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, како и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставници на UNDP, професори од државниот универзитет во Аризона, претставници на институции, локалните самоуправи, граѓанскиот и бизнис сектор.

Денес присуствував на работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024–2044, каде се обратив…

Posted by Vlado Misajlovski on Monday, September 29, 2025

To top