Останати спортови

Италија преку Бугарија по петти пат светски шампион во одбојка

Италија преку Бугарија по петти пат светски шампион во одбојка

Одбојкарската репрезентација на Италија го освои петтиот златен медал на Светските првенства, откако во големото финале ја совлада селекцијата на Бугарија со конечни 3-1, по сетови 25-21, 25-17, 17-25 и 25-10.

За нашиот источен сосед ова беше прво мундијалско финале после цели 55 години.

Италијанците важеа за големи фаворити во пресрет на мечот и комплетно ја оправдаа улогата. Најефикасен во победничкиот тим беше Јури Романо со 22 поени, а Матија Ботоло додаде уште деветнаесет.

„Аѕурите“ со овој триумф ја одбранија шампионската титула освоена на претходното Светско првенство и уште еднаш покажаа дека се меѓу најголемите сили во овој спорт.

To top