Ќерката на Бил Гејтс, Фиби Гејтс, откри зошто нејзините родители ја советувале да избегнува да го користи своето вистинско презиме кога била дете.
Имено, Бил признал во едно од интервјуата дека не сакал да им дава многу предности на своите деца и објаснил зошто е тоа така.
-Моите деца добиле одлично воспитување и образование, но и помалку од еден процент од вкупното богатство бидејќи сфатив дека повеќе од тоа би било само услуга за нив. Не е династија, не ги молам да го водат Мајкрософт, рекол тој претходно.
После тоа, неговата најмлада ќерка Фиби открила во својот подкаст дека ѝ било кажано да не го користи своето презиме кога одела на училиште. Како што тврди, нејзините родители ѝ препорачале да го користи презимето на мајка си „Френч“ во училиште, пишува LADbible.
-Додека не тргнав во средно училиште, го користев презимето на мајка ми. Тоа навистина ми помогна да стекнам пријатели на автентичен начин, пред да кажам: „Ова е моето семејство или со кого сум во роднинска врска, открива таа.