Познати трагедија

Познатата пејачка загина во несреќа

Познатата турска пејачка Ѓулу (51) трагично почина откако падна од балконот на нејзината куќа.

Познатата пејачка загина во несреќа

Познатата турска пејачка Ѓулу (51) трагично почина откако падна од балконот на нејзината куќа.

Веста ја потврди нејзиниот аранжер Мустафа Арапоглу, додека семејството веднаш ги демантираше гласините за самоубиство. Синот на пејачката истакна дека станува збор за несреќен случај и најави дека информации за погребот ќе бидат споделени преку Инстаграм.

Ѓулу, родена во 1973 година во Истанбул, имаше тешко детство и кариера што започна уште како тинејџерка, настапувајќи во ноќни клубови и сали за венчавки. Со текот на годините, таа стана една од најпознатите и најомилените пејачки, оставајќи неизбришлив белег во музичката сцена.

Трагичната смрт на Ѓулу го потресе не само нејзиното семејство, туку и многу обожаватели ширум светот.

To top