Уставниот суд започнува процес на комплетна дигитализација.
Со значајна поддршка во вид на донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Судот добива современи технолошки решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста. Техничкото решение и целосната имплементација на инфраструктурата е на Македонски Телеком.
Новите системи овозможуваат:
-Хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео конференциска опрема – дел од учесниците присутни во сала, а дел онлајн.
– Симултан превод за сите учесници, со можност преведувачите да бидат во сала или да работат од далечина.
– Безбедна cloud организија со повеќекратна автентикација, интерна комуникација и голем број на алатки кои покрај online состаноци овозможува и чет, аудио и видео повици, заеднички проекти и колаборација. -Целосна контрола на пристап.
– Споделување на аудио видео содржини со сите учесници.
– Снимање и архивирање на сите седници и комуникации, автоматски транскрипти.
-Можност за „video stream” на различни социјални мрежи и сервери.
– Електронско гласање со целосна архива и аналитика на гласањето.
Судот и турската Агенција бележат долгогодишна соработка изразена преку поддршка во техничка опрема за Уставниот суд, како што е донацијата на компјутери и печатачи во февруари минатата година.
Проектот за дигитализација во Уставниот суд ќе биде промовиран во понеделник во рамки на билатералната средба со делегација на уставни судии од Република Турција.