Македонија „службено ауто“ со сите нишани

Уапсен тетовски ГЕНИЈАЛЕЦ: Ги офарбал табличките во црвено и си вградил флешери

Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци. Oд фотографијата, се гледа дека „талентот“ ја промашил бојата, бројките и буквите се со жолта боја на вистинските службени возила…

Уапсен тетовски ГЕНИЈАЛЕЦ: Ги офарбал табличките во црвено и си вградил флешери

На 25.09.2025 во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, информира МВР

Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

Oд фотографијата, се гледа дека „талентот“ ја промашил бојата, бројките и буквите се со жолта боја на вистинските службени возила…

Најнови вести од Македонија

To top