Фудбал орел за САД, лос за Канада и јагуар за Мексико

ВИДЕО: Клач, Зају и Јавор – Ова се трите маскоти за СП 2026

Светското првенство ќе се игра следната година од 11 јуни до 19 јули, со учество на рекордни 48 национални селекции.

ВИДЕО: Клач, Зају и Јавор – Ова се трите маскоти за СП 2026

Првото Светско фудбалско првенство во историјата кое идната година ќе се игра во три држави ќе има и три маскоти, по една за секоја од земјите домаќини – САД, Мексико и Канада.

FIFA

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално ги претстави трите маскоти, прецизирајќи дека САД ќе бидат претставени од белоглавиот орел „Клач“, јагуарот „Зају“ ќе го претставува Мексико, а Канада ќе биде претставена од лосот „Јавор“.

„Тимот на Светското првенство во 2026 година стана поголем и позабавен. Јавор, Зају и Клач се полни со радост, енергија и заедништво, исто како и самото Светско првенство“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Светското првенство ќе се игра следната година од 11 јуни до 19 јули, со учество на рекордни 48 национални селекции.

To top