Македонија ќе даде ли Венко оставка по дебаклот на 19-ти октомври?

Од рубриката „КАЈ ШУТО, ПА БОДЕ“: Во уплав од ЦРВЕНИОТ КАРТОН кој му следува, Филипче црта „ЦРВЕНИ ЛИНИИ“

Ќе го одложи ли со вакви евтини финти набркувањето од претседателската позиција? Или е свесен дека рокот на употреба му е поминат? Подготвува ли Заев да истресе нов „лидер“ од ракавот. Со оние кои досега ги стокми, Филипче и Ковачевски, на СДСМ многу-многу, не им се погоди.

Така и со оваа „Резолуција за ЦРВЕНИ ЛИНИИ“ на Венко, која е крик на очајникот пред ЦРВЕНИОТ КАРТОН кој му следува за 24 дена од сега…

Од рубриката „КАЈ ШУТО, ПА БОДЕ“: Во уплав од ЦРВЕНИОТ КАРТОН кој му следува, Филипче црта „ЦРВЕНИ ЛИНИИ“

Нова епизода на македонската СДСМ класика, дел од серијата „КАЈ ШУТО, ПА БОДЕ“. Претседателот на партијата која падна на ниво на една Левица, политикантска направија која во просек губи со 4:1 од ВМРО-ДПМНЕ, сега, верувале или не условува со термини и датуми и носи некакви си инфантилни и луцидни „црвени линии“. Човек пред катастрофа на избори дава совети, носи резолуции, условува и  определува што државата треба да стори. И не, ова не е сиже на епизода од Монти Пајтон. Тие, барем, се смешни….

Прво. Заборава ли Филипче дека имаат само мизерни 17 пратеници. Од кои дел се веќе со ниет и билет за заминување.

Второ, ќе даде ли оставка ако имаат помалку градоначалници по локалните избори за еден месец (а, ќе имаат, со сигурност).

Трето, мисли ли Филипче дека вака ќе го ојача и „нафура“ членството и ќе спречи одлив на членови во ЗНАМ и Левица, која покажа дека не е девица по малверзации со средства и луѓе. Вистината е дека пред овие две партии имало редици со разочарани членови од СДСМ. Првите пред ЗНАМ, разочарани од антинационалните политики, криминалот и провинцијалистичката насока што ја фати партијата која е во целосен посед на Заев. Вторите во Левица, за да го исперат срамот и резилот од учеството во шарената дееволуција, која од луѓето учесници направи мајмуни, а државата ја дееволуираше на ниво на протекторат и Заев/Ахметово гранапче.

Ова е историски преседан, невидено однесување на партија во која по изборите на 19-ти октомври Чом е веќе спремен да го изгаси светлото, за целосен мрак на Бихаќка.

Истовремено, партијата ви заминува во историја, а вие чаламски условувате:– Документот доаѓа со предлог закон, за улогата на Собранието во процесот на евроинтеграциските преговори. Очекувам сите да бидат конструктивни и да не се злоупотребува за политички цели во предизборни кампањи – нагласи Филипче.

Ова го прави на три дена пред старт на кампањата, ама не требало да се злоупотребува во политички цели?!

Понатаму, така остроумно срочува: – Временската рамка за спроведување на определбите на оваа Резолуција предвидува Владата од 15 до 25 ноември 2025 година да се изјасни дали останува на истиот текст или подготвува и предлага нов текст на уставните амандмани. Доколку предлага нов текст на амандманите, тој да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година.

-Собранието да ја започне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година.

-Собранието да ја заврши постапката за измена на Уставот со финално гласање најдоцна до 10 февруари 2026 година, соопшти лидерот на заминување, кој по резултатите на 19-ти уште вечерта ќе треба да си поднесе оставка.

Неотповиклива. И да се исели од Македонија. Ако има срам. А нема…

И уште една реченица од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Во фазон на „слон во пиџами“, Филипче ги соопшти „црвените линии“ за македонскиот идентитет. Со Северна во пакетот, нешто што ниту албанските партии од власта веќе не го прават, ама Венко, да. Лидер на партија која уништи се’ што е македонско, односно ќе уништеше ако останеше на власт.

-Ова се нашите црвени линии. Ова е предлог решение за постигнување на сите заеднички национални и стратешки цели со консензус со оглед на високото мнозинство граѓаните за членство на државата во ЕУ – изјави Филипче на заминување.

Неговиот ментор собираше и „шуто и рогато“, Венко пак е пластичен приказ на народната „шуто, а боде“. Многу ШУТИ работи на едно место, а не им е МЕСТО во политиката…

Ќе го одложи ли со вакви евтини финти набркувањето од претседателската позиција? Или е свесен дека рокот на употреба му е поминат? Подготвува ли Заев да истресе нов „лидер“ од ракавот. Со оние кои досега ги стокми, Филипче и Ковачевски, на СДСМ многу-многу, не им се погоди.

Време ли е СДСМ да излезе од сенката и скутот на муринскиот политикант со кој потонаа длабоко во тињата во која прифаќајќи го мазохистички и со “две раце“ муртинскиот наратив, така ентузијастички се навасаа? Самите социјадемократи (Колемишевски, Костадинов, Куновска и ред други извикани СДС фаци), најавуваат силна потреба од перестројка во партијата, а катарзата ќе биде силно поддржана, поттикната и катализирана од дебаклот кој е очебиен и кој е втора работа (освен Кинескиот ѕид) која се гледа од вселената.

Така и со оваа „Резолуција за ЦРВЕНИ ЛИНИИ“ на Венко, која е крик на очајникот пред ЦРВЕНИОТ КАРТОН кој му следува за 24 дена од сега…

 

 

 

To top