Свет Генерално собрание на ОН

Трамп и муслиманските лидери разговараа за прекин на огнот во Појасот Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН вчера се сретна со лидерите на неколку арапски и исламски држави. Тема на средбата беше завршување на војната во Појасот Газа

Трамп и муслиманските лидери разговараа за прекин на огнот во Појасот Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН вчера се сретна со лидерите на неколку арапски и исламски држави. Тема на средбата беше завршување на војната во Појасот Газа.

На средбата присуствуваа емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, кралот на Јордан, Абдула Втори , турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, премиерите на Египет и Пакистан, Мостафа Мадбули и Шехбаз Шариф, претседателот на Индонезија Прабово Субиант, како и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

На средбата се разговарало за „одржливо и трајно“ примирје, ослободување на сите заложници и преземање чекори за решавање на влошената хуманитарна криза во Појасот Газа.

Средбата се одржа кога повеќе западни земји ја признаа Државата Палестина.

Трамп средбата ја оцени како „многу добра и успешна“.

Преговорите посредувани од САД, Катар и Египет за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците помеѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас се во застој повеќе месеци.

To top