Скопје Општина Илинден

Александар Георгиевски во увид на детската градинка „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во тековната работа на детската градинка „Гоце Делчев“, каде во моментов се одвиваат градежни активности за изградба на нова централна кујна, а набавени се и четири прочистувачи за воздух сместени во заедничките простории, како и реквизити наменети за подобрување на моторниот развој кај децата.

Проектот за изградба на нова современа кујна, со површина од 150 м², претставува значаен чекор кон подобрување на грижата за децата во општината. Новата кујна ќе биде усогласена со највисоките хигиенски и технички стандарди и ќе има капацитет за подготовка на повеќе од 600 оброци дневно. Освен за потребите на градинката, оброци ќе се доставуваат и до основните училишта во општината каде има продолжен дневен престој.

Паралелно, со оваа инвестиција, општината отвора и нов простор за згрижување деца, така што старата кујна ќе се пренамени во две нови занимални, со што капацитетот на градинката ќе се зголеми за уште 50 дечиња, и градинката ќе може да згрижи вкупно 650 деца.

Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на Општина Илинден за поддршка на раниот детски развој и унапредување на воспитно-образовниот
процес. Во изминатиот период, општината вложи значајни средства во обнова и проширување на градинката. Беше извршена доградба во вкупна површина од 300 м², се реконструираше кровот, партерно и хортикултурно беше уреден дворниот простор со нови детски реквизити, а исто така, беше набавена и нова детска опрема.

Општина Илинден останува посветена на спроведување на проекти со конкретен ефект во областа на образованието, здравството, социјалната заштита и инфраструктурата.

Најнови вести од Скопје

To top