Македонија дик

ДИК потврди 303 листи за градоначалници и 558 за советници

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), досега се потврдени вкупно 303 кандидатски листи за градоначалници на општините и Градот Скопје, додека за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје се потврдени 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК.

Во општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека продолжува проверката на листите поради отстранување на утврдени неправилности, согласно известувања од општинските изборни комисии. Во тек е процес на корекција на осум листи за градоначалници и 20 листи за членови на советите. Од досега доставените листи, пет за градоначалници се отфрлени – по една за општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и за Град Скопје.

– По завршување на процесот на потврдување на сите кандидатски листи, ќе следува ждрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на единствената листа, закажана за 25 септември 2025 година, соопшти ДИК.

To top