Репрезентацијата на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Светското одбојкарско првенство 2025.
Белгијците попладнево ја победија Финска со максимални 3:0, по сетови 25:21, 25:17 и 25:21.
Натпреварот се одржа во Пасај, Филипини.
Белгија ќе игра против Италија за место во полуфиналето на 24 септември.