Скопје Исклучително значаен и инспиративен разговор, исполнет со мудри зборови

Стаменкоска Трајкоска во посета на Сојузот на борци на Македонија “Кисела Вода”: Нивната сила, достоинство и љубов кон Македонија се пример за сите генерации

Со особена чест и голема благодарност, ја прифатив поканата на Општинската организација на Сојузот на борци на Македонија “Кисела Вода”, објави на својата Фејсбук страница кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.

Од самиот момент на пристигнување, бев пречекана со исклучителна топлина, почит и внимание, пречек што длабоко ме допре и остави трага во моето срце.

Имавме исклучително значаен и инспиративен разговор, исполнет со мудри зборови, животни искуства и совети што носат вредност и искреност.

Од овие луѓе може да се научи бескрајно многу.

Со огромна почит ги прифатив нивните поуки и зборови, кои ќе ми бидат водилка уште од овој момент.

Нивната сила, достоинство и љубов кон Македонија се пример за сите генерации.

Чест ми беше да бидам во нивно присуство, да поразговарам со нив и да ја почувствувам нивната искреност, мудрост и животна сила што остава длабока трага, пишува во својата објава Стаменкоска Трајкоска.

Најнови вести од Скопје

To top