Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела „криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.