Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, еден од најголемите спортисти на сите времиња, проговори за предизвикот кој го очекува на крајот од неговата кариера.
Иако тенисот ќе загуби еден од своите најголеми шампиони, Ѓоковиќ истакнува дека љубовта кон спортот ќе остане присутна и по пензионирањето.
„Секогаш се обидував да размислувам за работите надвор од тенисот, особено во последните 12-15 години. Слушнав од колегите и други спортисти за менталната борба по завршувањето на кариерата. Не мислам дека може целосно да се подготвите за тоа. Да, ќе биде тажен ден кога ќе го напуштам тенисот, многу емотивно, но адреналинот што го носи спортот мора да се канализира поинаку“, рече Ѓоковиќ во поткастот на Џеј Шети.