Хроника СВР Скопје

Населението евакуирано, струјата исклучена: Изгореа 20 возила, објекти и магацин во Кисела Вода

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Притоа, како превенција населението во околината беше евакуирано и исклучена е електричната енергија.

Населението евакуирано, струјата исклучена: Изгореа 20 возила, објекти и магацин во Кисела Вода

Денеска (16.09.2025) во 03:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1519“ во Кисела Вода во Скопје опожарени се два објекти, сопственост на Т.С. и А.Ѓ.(47).

Од пожарот целосно биле зафатени објектите, магацинскиот простор, како и околу 20 возила кои биле во кругот на објектот на Т.С., од кои дел биле хаварисани.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Притоа, како превенција населението во околината беше евакуирано и исклучена е електричната енергија.

На местото на настанот излезе увидна екипа на СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top