Македонија 2 насто доверба...

Повторно судиите ја оплескаа: Убиецот на Росица го осудиле на УСЛОВНА КАЗНА

На 10 септември годинава, Основниот суд Велес го прогласил Стефановски за виновен, но му изрекол само условна казна.

Повторно судиите ја оплескаа: Убиецот на Росица го осудиле на УСЛОВНА КАЗНА

И покрај сите пријави, условните казни и мерките кои често биле укинати, насилникот продолжил да ја вознемирува Росица, сè до трагичниот исход во кој таа и нејзиниот татко беа брутално убиени.

Основното јавно обвинителство Велес денес потврди дека против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (68), уште од почетокот на годината биле поведени повеќе постапки за закани и насилство.

И покрај судските мерки Росица Коцева на 21 мај 2025 година повторно го пријавила Стефановски. Според неа, тој не ги почитувал изречените забрани, продолжил да ѝ праќа пораки, се приближил до нејзиниот дом и го запалил автомобилот на нејзиниот татко.

Во меѓувреме и тој поднесува пријава до ОЈО Скопје со која ја товари оштетената дека му поднесува лажни пријави во МВР со цел да му изнуди пари.

На 10 септември годинава, Основниот суд Велес го прогласил Стефановски за виновен, но му изрекол само условна казна. Истовремено, укинати му биле сите мерки на претпазливост, освен забраната за приближување кон оштетената и нејзиниот партнер.

To top